Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андова е пред нов предизвик и нова докажување во шпанскиот гигант Барселона кој одлучи да се раздели со досегашниот прв стратег Фран Санчез кој беше на оваа функција од летото 2017 година.

Клубот од Каталонија одлучи да реагира по неочекуваното реми во градската пресметка со Еспањол (0-0), па сега Барселона има минус три бода во однос на Атлетико Мадрид кој ја брани титулата во Примера. Нов преводник на Андонова и нејзините колешки ќе биде Луис Кортес кој досега ја имаше улогата на асистент.

Првиот предизвик за новиот тренер и секако неговите избранички ќе биде гостувањето кај Леванте закажано за 12 јануари од 13 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде