Зачестија кражбите кои низ Македонија ги вршат жени кои доаѓаат од Бугарија. Вчера три Бугарки биле уапсени од страна на гостиварската полиција поради кражба. Според информациите на МВР, вчера  во 12.40 часот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во Полициската станица Гостивар приведени се Н.Н.М.(49), М.Г.М.(47)  и К.Д.Г.(39), сите од Република Бугарија.

Претходно, откако на 6. Јануари Бадник, биле приведени две Бугарки на булеварот „Партизански одреди” кои се сомничат за кражби, веќе следниот ден на Божиќ, полицијата приведе уште две Бугарки.

Поточно на 7 Јануари околу 19 часот на улица „Манапо“, во близина трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“,  од слобода биле лишени М.В.М. и Н.С., двете од Република Бугарија.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде