Дури тројца фудбалери на „Сините“ би можеле да завршат во соседството, Фулам значително засилен би можел да продолжи во борбата за опстанок во Премиер лигата.

Имено, Клаудио Раниери од градскиот ривал бара тројца играчи и се чини дека неговиот поранешен клуб и сонародникот Маурицио Сари се подготвени да му излезат во пресрет.

Станува збор за трансфер на капитенот на Челзи Гери Кејхил, но и две позајмици кои значително би го засилиле Фулам.

Фулам има проблеми со одбраната, па доаѓањето на Кејхил би донело квалитет и искуство во последната линија на лондонскиот премиерлигаш, но Сари посакува засилувања и во останатите делови од тимот.

Поранешниот член на шампионската генерација на Лестер, Дани Дринквотер, не доби шанса меѓу „Сините“, а Раниери е добро запознаен со неговите квалитети и сигурно знае како добро да го искористи. Дринквотер е материјал и за англиската репрезентација, а би бил одличен партнер за Жан Мишел Сери во средниот ред. Покрај него, Раниери го посакува и Виктор Мозес кој кај Сари нема место, а беше витален дел од шампионската генерација под водство на Антонио Конте. Доколку овие тројца завршат на „Крејвен котиџ“, Фулам би бил значително засилен.

Раниери се обидува да го доведе и Марко Пјаца од Јувентус на позајмица, Хрватот немаше добра есен во Фиорентина, но искусниот тренер е убеден дека тој би можел да му помогне на Фулам.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде