Агенцијата за млади и спорт на РМ и Македонската бадмингон Федерација ги пречекаа високите преставници / гости  на BWF(Светска Бадмингтон федерација) и BBA(Балканска Бадмингтон Асоцијација) и со своето присуство одадоа признание на видливиот напредок на бадмингтонот во нашата земја во последниов период, кој и те како зема голем замав во нашата држава. Прес Центар како Медиумски покровител ќе Ве известува за сите настани поврзани со овој спорт.

Два дена во  посета ни беа Проф – д.р Пузан Касабиан – долгогодишен член на извршниот одбор на BWF и претседател на на ББА, во текот на посетата, се заблагодари на на својот домаќин, директорот на АМС на РМ, г-дин Дарко Каевски, за целосната подршка што оваа институција и пружи шанса во правец на развој и омасовување на бадмингтонот како спорт на територијата на РМ со надеж дека и понатаму ќе продолжи ваква пракса и вети дека BFA и BBA ќе направат напори да го подржат во секоја смисла напредокот на овој спорт во Македонија.

Во контекст на своето излагање г-дин Касабиан, на директорот на АМС на РМ г-дин Дарко Каевски му врачи јубиларен пехар со посвета, во знак на признание и благодарност. Изјави за ПресЦентар.Мк, претседателот на Македонската бадмингтон федерација г-дин Диме Стефановски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here