Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека по дојдавата од локалните власти дека во селото Горно Косоврасти, општина Дебар, мештаните останале отсечени поради големата снежна покривка од 80 сантиметри. 

Екипите по неколку часа го исчистиле теренот, а меѓу жителите имало и две возрасни жени, кои примаат дијализа веќе долги години и кои останале заробени во своите домови, па веднаш биле транспортирани во болница.

Од ДЗС додаваат дека и понатаму будно ја следат ситуацијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде