Популарната комедија „Доаѓање во Америка“ ќе добие продолжение, повторно со Еди Марфи во главната улога.

„Дедлајн“ објави дека Крег Бруер, кој има работено на ТВ-серии, ќе го режира вториот дел од комедијата од 1988. Марфи пак ќе го игра принцот Аким, кој бега во САД за да го избегне договорениот брак во неговата земја и се населува во њујоршката населба Квинс, во потрага по жена која ќе стане негова жена и кралица.

Во новиот филм, Аким дознава дека има син и ќе се врати во Америка за да го запознае наследникот на тронот на Замунда. Покрај Марфи, своите улоги ќе ги репризираат речиси сите актери од претходниот филм, меѓу кои и Арсенио Хол и Џејмс Ерл Џонс.

„По повеќе години исчекување, пресреќен сум дека ’Доаѓање во Америка’ 2 официјално тргнува напред. Имаме одличен тим на чело со Бруер и едвај чекам да ги видам овие легендарни ликови повторно на големото платно“, изјави Марфи.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде