Во силна експлозија што се случи во деветтиот округ во Париз ова утро, повеќе луѓе се повредени, а стаклата во неколку околни згради се оштетени, објавија полицијата и новинарите од францускиот печат.

Полицијата соопшти дека избувнал пожар во една од продавниците, проследен со силна експлозија, за која се верува дека е предизвикана од истекување на плин.

Портпаролката на полицијата во Париз изјави дека пожарникарите се наоѓаат на местото на експлозијата. Таа рече дека неколкумина од повредените биле пријавени во полицијата, но дека немало мртви.

Во Париз, како и во другите градови во Франција, безбедносните сили се распоредени поради најавените протести на жолтите елеци, кои ќе се одржат и овој викенд.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here