Во Мелбурн се одржа ждрепката за претстојното издание на Австралија Опен кое официјално ќе стартува на 14-ти јануари, а по направениот комплетен костур на натпревари, може да се заклучи дека најдобро помина Новак Ѓоковиќ кој се најде во полесната половина.

Светскиот рекет број еден ќе го стартува турнирот против квалификант, а единствени посериозни предизвици за него во патот до финалето можат да бидат само Кеи Нишикори кој му е редовен пациент, како и Александар Зверев со кого би требало да се соочи во полуфиналето. Втората половина од ждрепката е далеку повозбудлива, па така во истата се најдоа Рожер Федерер и Рафаел Надал кој ако ги одработат задачите како што треба, ќе се соочат во полуфиналето во Мелбурн.

Надал ќе отвори против Дакворт, додека сериозна пречка за него би требало да претставува и Кевин Андерсон кој треба да биде негов ривал во четвртфиналето ако се оди според планот. Федерер за прв противник ќе го има Истомин кој пред две години го елиминираше Ѓоковиќ, а во патот до полуфиналето, би можел да се пресмета и со Монфис, Циципас и Чилиќ со кого би требало да вкрсти во четвртфиналето.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде