Фактот дека се наоѓа во серија од три порази во низа (два во Чемпионшип) на екипата на Марсело Бијелса и нашиот Езџан Алиоски, и се наметнува императивот за победа доколку сака да остане на челната позиција и директно да се пласира во премиер лигата по 15 години.

Лидс е во криза, на последните три натпревари прими осум гола, па дуелот со талентираниот и солидниот Дерби му доаѓа во лош момент. Среќа е единствено што играат на домашен терен, а несреќа, тоа што е откриено дека Лидс го шпиунирал Дерби.

Имено, Дерби денеска на својот официјален сајт објави дека полицијата во четвртокот нешто пред пладне уапсила човек кој пред тренинг центарот на клубот од „Прајд Парк“ се однесувал многу чудно. Со понатамошната истрага утврдено е дека станува збор за човек кој е дел од стручниот штаб на Марсело Бијелса, па останува да се види како ќе се развива ситуацијата.

Во првиот дел од сезоната популарниот „Лудак“ му одржа тренерска лекција на помладиот колега и почетник во тренерската работа Френк Лампард со победата од 4:1. Уште тогаш великанот од Јоркшир ја истакна кандидатурата за највисок пласман, а по одличната божиќна низа и дури седумте врзани победи, следуваше новогодишен пад, кој кулминираше со испаѓање од ФА купот. Сепак, последниот куп пораз од КПР можеби беше и однапред планиран со цел кадарот да се освежи и да започне нова серија на победи од мечот со Дерби.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here