Градот Нордлинген во германската сојузна држава Баварија е формиран врз тло богато со дијаманти кои потекнуваат од пред 15 милиони години кога астероид ја погодил Земјата.

Геолозите проценуваат дека ширината на астероидот била дури илјада метри, исто како и денешниот град, а неговата тежина се проценува на околу три милијарди тони. Силниот удар ги зголемил температурата и притисокот доволно за да создаде мешавина од стакло, кристал и дијаманти или суевит.

Покрај тоа, се проценува дека под градот има околу 72 илјади тони дијаманти.

Кога милиони години подоцна се населиле првите жители тие не знаеле дека градат куќи на драгоцена земја. Со години верувале дека потеклото на кратерот е од вулканска природа, па сè до шеесеттите години на минатиот век не било познато дека станува збор за астероид. Суевитот се користел како градежен материјал без ниту најмала идеја дека истиот се состои од ситни дијаманти, па така многу објекти во Нордлинген денес се многу повредни отколку што изгледа на прв поглед.

Денешните жители на гратчето знаат дека живеат врз илјадници тони дијаманти, но тие немаат намера да го уништат градот за да се збогатат.

Сепак, локалците профитираат на поинаков начин – туристи доаѓаат од целиот свет за да ја истражуваат блескавата архитектура и да го посетат музејот „Рис Кратер“ во кој се изложени примероци од кратерот.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде