Поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, поранешен премиер и одбегнат осуденик , Никола Груевски, очигледно со своите дописи и реакции на неговиот ФБ профил, сака сѐ уште да одржува влијание на македонската политичка сцена.

Тој вчера, 10.01.2019 година, третпат по ред откако избега пред два месеца, се обрати со реакција кон пратениците кои денеска треба да ги гласаат уставните измени согласно Договорот со Грција за името.

Но, за разлика од порано, кога неговите администратори од партијата што ја раководеше повеќе од 10 години, експресно ги бришеа критиките и негативните коментари, па ги блокираа натрапниците, сега тоа не е случај.

На ФБ профилот на Никола Груевски има сѐ помалку поддршка, а сѐ повеќе иронични коментари со повик да се врати дека сѐ му е простено, па до остри критики.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here