Следниот „предавник“ кој би можел да ја вжешти ситуацијата на релација Милано – Торино е Федерико Черубини.

Поранешниот челник на младинскиот сектор на Јувентус, во моментов ја извршува функцијата заменик спортски директор кај „Старата дама“.

Она што би можело да биде клучно во оваа „кражба“ е тоа што токму Бепе Марота е човекот кој го вработи Черубини кога овој доаѓаше во Јувентус.

Според информациите на извори блиски до клубот, заменикот Черубини исто така е близок и со сегашниот спортски директор Фабио Паратичи, па останува да се види на кого ќе му биде лојален на крајот.

Нема сомнежи дека тивката војна која со години трае помеѓу Јувентус и Интер, токму со Марота доби ново поглавје.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде