Маж кој бил пријавен за исчезнат вчера околу 14 часот бил пронајден мртов.

Случајот во полицијата го пријавил И.Б. (36) од с.Јурумлери-Скопје кој рекол дека додека извршувал земјоделски работи во неговата нива, забележал тело на маж.

-Од страна на медицинско лице констатирана е смрт без траги на насилство и утврдено е дека станува збор за Р.Ј. (63) од с. Петровец, кој претходно бил пријавен за исчезнат. По наредба на јавен обвинител  телото на починатиот е дадено за обдукција, информираат од полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде