Како и што сите посакувавме, со победа Македонија го започна Мундијалот во Германија и Данска.  Јапонците попладнево во Минхен беа немоќни против „црвено-жолтите“ кои покажа класа и на крај повеќе од заслужено славеа победа со резултат од 38-29.

Јапонците откако симболично поведоа со 1-0 во воедната минута, на сцена стапи Манасков кој од четири обиди имаше половичен ефект па во 5. Минута донесе прво водство за нашата селекција. Во продолжение Столе погоди и за +2 (1-3), но Јапонија направи комплетен пресврт и во 8. Минута заводе со 4-3.

Кон средината на првото полувреме се пробуди Кире Лазаров кој последователно со два гола донесе + 3(5-8) за да во продолжени како одминуваш мечот погодуваа и Пешевски, Талевски, Кузмановски па предноста отиде на +6(9-14), за да до крајот на паузата нашите противници намалат еден гол од негативата (13-18).

Воведните десет минути од вториот дел ги одбележа брза игра и наизменични погодоци на двете страни при што Македонија ја одржуваше предност од 4 до 6 погодоци разлика.

На пет минути пред крајт на мечот за првпат поведовме со највисок +8 (26-33) откако Филип Лазаров погоди по прекрасен цепелин. Во последните минути поведовме и со двоцифрена предност +10 (27-37) откако погоди Кузмановски во контра. На крај конечниот резултат на семафорот гласеше Јапонија – Македонија 29-38.

Кире Лазаров со 8 гола беше прво име, додека Манасков постигна 7 погодоци. Одличен беше и Борко Ристоски кој забележа 20 одбрани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here