Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски, Никола Димитров, Трајко Славески, Ангелка Пеева Лауренчиќ, Имер Селмани, ова се само дел од имињата со кои се калкулира како можни кандидати на претстојните претседателски избори. Од владејачката СДСМ убедуваат дека внатрепартиската процедура за избор на кандидат се уште не е започната, но тврдат дека се сигурни во победата на било какви избори.

„Очекуваме убедлива победа на претседателските избори. Внатрепартиската процедура за избор на кандидат се уште не е започната, фокусираме сме на обезбедувањето на процесот за членство на МК во НАТО и ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ најави дека на 11 јануари ќе објави конкурс за поразениот кандидат. Кој е кандидатот што ќе застане рамо до рамо со Мицкоски, против НАТО и ЕУ, против иднината? Таков кандидат, атизападен и близок до Мицкоски и Груевски, може да очекува само пораз.“ – велат од СДСМ.

Лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обелодени дека најдоцна до 11 јануари партијата ќе го објави огласот за пријавување кандидати за претстојните претседателски избори и дека на 16 јануари ќе се знае кои се кандидатите.

„На 16 февруари ВМРО-ДПМНЕ на конвенција ќе го избере претседателскиот кандидат, односо оној кој ќе ја добие поддршката. НБа избори на кои имајќи ја в предвид актуелната политичка ситуација во државата, но и новите политики кои што партијата ќе ги промовира во периодот во кој следи, очекуваме сериозна победа.“ – изјави Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Во јавноста веќе се шпекулираше со имињата на Трајко Славески и Тања Каракамишева, како можни кандидати на опозициската ВМРО ДПМНЕ..Неодамна, Ивица Конески кој е актуелен советник на Мицкоски за Град Скопје изјави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби претседателските избори Христијан Мицкоски треба да се повлече од лидерската функција во партијата. На претстојните претседателки избори можно е ЛДП да настапува самостојно со свој кандидат. Ангелка Пеева – Лауренчиќ е потенцијалениот кандидат на ЛДП за претседател на државата. Таа своевремено беше претседател на Либерална Унија на Млади, а беше и пратеник од редовите на ЛДП од 2002 до 2006 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here