Со специјален авион, поранешни припадници на ОВК, а сега косовски функционери, денеска ќе полетаат од Приштина за Хаг на распит пред Специјалниот суд за ОВК. Тие треба да дадат изјави за учество во малтретирање и убиства кон крајот на деведесетите години од минатиот век.

Потпретседателот на косовскиот парламент, Џавит Халити,  и самиот  припадник на  ОВК, изјави дека пред Специјалниот суд за ОВК во Хаг, ќе дојдат сите оние што се спомнуваат во извештајот на Дик Марти.

Во извештајот на Дик Марти, а посебно поврзани со убиство на Срби и вадење на органи, се спомнуваат Хашим Тачи, Шаип Муја, Кадри Весељи, Азем Сиља, Фатмир Љимај, Џавит Хаљит и Рамуш Харадинај.

Во првата тура кои нема да полетаат за Хаг се Сулејман Сељими и Рамзи Шаља.

Сељими е во затворската болница, се жалел на вртоглавица и повраќање, а Шаља е во бегство и за него е распишана потерница.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде