На југот на Бразил е снимена појава која остава впечаток дека пајаци паѓаат од небо, пишува „Гардијан“.

Експертите велат дека таа појава е многу честа во бразилската сојузна држава Минас Гераис кога е топло и влажно времето. Иако изгледа како пајаци да паѓаат од небото, тие всушност направиле огромна мрежа за подобро да го фатат пленот.

Пајаците од видот parawixia bistriata плетат толку деликатна мрежа која речиси е невидлива со голо око, па се создава оптичка илузија дека пајаците паѓаат од небото или лебдеат во воздухот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде