Не поминаа 24 часови од донесувањето на уставните промени, се сменија и политичките компаси.Мицковски како претседател на десничкарската ( владеше со болшевистички методи) од страв да не згреши на своите десетина фракции, посака избори.За “чудо“ на иста фрекфенција со десничарот Мицковски се најдоа и левичарите и тоа не обичните туку ултрасите левичари во “Левица“.Одамна се измешаа лончињата, но сега бусолите на политичките партии се вртат во сите правци, со цел да се приграби власт, да се приграби моќ, дасе приграбат народни пари.И кога евентуално ќе дојдат на власт во исто време и десница-левица, или левица-десница, ќе останат само муабетите за божемните повисоки цели и лажниот лицемерен патриотизам.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде