Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја предупреди Москва дека би можела да загуби сојузник ако не понуди компензација за зголемувањето на цената на руската нафтата. Спорот за нафтата помеѓу Москва и Минск ги наруши блиските односи помеѓу двете соседни држави сојузници.

– Руското одбивање за надомест би можело да доведе до загуба на еден сојузник на запад, посочи Лукашенко.

Белорускиот претседател, кој со земјата владее речиси 25 години, се потпира на заемите и евтините енергенси од Русија.

Белорусија извезува евтини производи благодарение на ниската цена на руска нафта, а Минск поради одлуката на Москва да ја зголеми цената на сировата нафта би можела да загуби милијарди долари приход.

Лукашенко побара од белоруските власти да изнајдат алтернативни извори на приходи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here