Поранешниот најдобар светски тенисер Енди Мареј во солзи објави крај на кариерата по првиот Гренд слем во сезоната – Австралија Опен.

На специјална прес-конференција пред почетокот на турнирот, тој призна дека поминува низ страшни болки и дека не може повеќе да издржи на теренот. Во пензија заминува на 31 година.

„Болката е константна и не можам да издржам, немам друг избор. Во декември зборував со мојот тим и на сите им објаснив дека не е можно да продолжам вака. Не можам да направам обични работи без болки, како на пример, да облечам чорапи. Таа болка ми го уништува задоволството од тренинзите и натпреварите. Во моментов за мене се е агонија“, објави Мареј.

Во својата кариера тој освои три титули на Гренд слем турнирите и вкупно 45 трофеи, а речиси една година беше на првото место на АТП листата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде