Поранешниот светски рекет број еден и ас кој имаше големи успеси на најголемите турнири, Џон Мекинро го посочи своите фаворити пред почетокот на првиот грен слем во оваа година Австралија Опен.

Според Американецот ветераните Рожер Федерер и Серена Вилијамс ќе бидат во прв план во Мелбурн.

-Австралија Опен е голем настан. ама не постои голем притисок. Затоа мислам дека Федерер и Вилијамс имаат многу повеќе шанси да освојат грен слем на почеток на годината, -рече Мекинро и додаде:

-Сигурно Серена ќе биде фаворит и на Вимблдон, ама кога е во прашање Федерер…Можам да кажам дека најголемите шанси да освои грен слем се токму во Австралија, -порача Џон.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here