Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција уште еднаш побара предвремени парламентарни избори. Тој повика в понеделник да се распушти Собранието и заедно со претседателските да се одржат и парлалментарни избори.

Тој реагираше на прес конференцијата на премиерот Заев,на која тој рече дека анкетите покажуваат предност на власта. Мицкоски најави победа на ВМРО ДПМНЕ.

Вчерашната одлука на Собранието за усвјување на уставните измени за импплементација на Договорот со Грција, Мицкоски уште еднаш ја нарече погазување на волјата на граѓаните.

„Само Зоран Заев може да се гордее што го променил името на својата држава. Само Заев може да се гордее на притисоци и закани и непринципиелни пазарања со кои ја погази јавно изразената волја на граѓаните на референдумите од 1991 и 2018. Заев денеска и пред време ја приеменува сопствената татковина на се уште нестапен во сила договор“, рече Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here