„Ова е само дел. И да изгласаат уште не е се завршено. Ако изгласаат, потоа треба да се гласа во Грција. Потоа Заев да испрати писмо дека Македонија го сменила името до Обединетите Нации. Тогаш, Иванов ќе го притиснеме да испрати писмо дека договорот не е валиден, а потоа сѐ ќе се проблематизира. Иванов мора да го направи тоа, со што ќе каже дека македонскиот народ не се соглсува со одлуката“, изјави на протестите лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев

Тој гледа спас во Русија и верува дека Русија ќе го поддржи македонскиот народ. За осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржаа измените, вели верува дека тие нема да имаат мир, по гласањето.

Претходно од импровизираната бина се читаат имињата на сите 80 пратеници кои треба да гласаат за уставните амандмани и прифаќање на Договорот од Преспа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here