Министерот за одбрана во Норвешка, Франк Бејк Јенсен, за време на говорот на состанокот на норвешкото Воено друштво, изјавил дека постои можност да започне војна помеѓу земјите во Европа.

Норвешкиот министер смета дека можниот конфликт ќе има сериозни последици за скандинавските земји.

„Сè на сè, развојот на настаните во нашата средина укажува на тоа дека мораме да земеме предвид дека вооружениот конфликт меѓу државите во Европа повеќе не е невозможен“, нагласил тој.

Трошоците за одбрана на земјата во последните пет години се зголемиле за околу 30%, а тој раст ќе продолжи, рекол министерот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде