Австралискиот премиер, Скот Морисон, стана цел на потсмев на социјалните мрежи бидејќи членовите на неговиот кабинет ја фотошопирале неговата фотографија што резултирало со две леви нозе.

На фотографирајата на која Морисон е со семејството и требала да биде поставена на неговиот личен профил се гледа како тој носи две бели патики наменети за левата нога, пренесе „Ројтерс“.

Фотографирајата предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, по што се огласи и премиерот со нова фотографија.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде