Погранични патроли од Мексико пронашле тела на 21 човек во сојуната држава Тамаулипас на границата со САД, објави синоќа порталот Excelsior.

Се верува дека телата се на жртви на пресметка меѓу наркокартелите. Тие се најдени во близина на седум изгорени автомобили кај пограничниот град Мигел Алеман.

Овој град е на околу 80 километри западно од Мекален, во американската сојузна држава Тексас, и кој подоцна во четвртокот ќе го посети американскиот претседател Доналд Трамп во неговата кампања за градење на безбедносен ѕид по должината на мексиканската граница.

Државата Тамаулипас, на источниот мексикански брег, е една од клучните области во трговијата со дрогите, а исто така во минатото беше повеќепати сцена на масовни убиства на пресметка на наркокартелите.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека ова злосторство најверојатно е конфликт меѓу трите картела коишто се борат за превласт над каналите за криумчарење дроги на богатиот американски пазар.

Оваа област е долго време контролирана од наркокартелот Зетас, кој влезе во војна за контрола на криминалот во долината на Рио Гранде со ривалскиот Заливски картел. Зетас се подели, а многуте смртоносни напади во Мигел Алемна беа резултат од пресметката од неговата фракција Североисточниот картел и Заливскиот картел.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде