Четиринаесетгодишно момче од кочанското село Кучичино си го одзеде животот со бесење, објави Телма.  Според информациите кои ги објави телевизијата, момчето на 16-ти ноември било на училиште до 13 часот, откако се вратило во својот дом, по неколку часа неговата баба го пронашла во шупата. Не оставил писмо, зошто тоа го сторил? До редакцијата на емисијата КОД  пристигнала анонимна дојава  од жител од овој регион дека  момчето е првата жртва на видео играта Синиот Кит.

Со случајот се запознати и првата детска амбасада „Меѓаши“.

Засега причините за смртта на момчето се базираат на претпоставки, а  не и на докази. Семејството побарало да се изврши вештачење на мобилните телефони и на компјутерот, но  надлежните институции досега ги немаат земено. Родителите скршени од болка не сакаат да говорат. Средината е изненадена, шокирана  од чинот кој го сторил момчето, бидејќи го опишуваат како ведар лик.

Никој не забележал нешто чудно во однесувањето на деветто одделенецот, ниту пак некоја форма на самоповредување. За ова повеќе ќе гледате во вечерашново издание на емисијата КОД на Снежана Лупевска Созен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here