Европскиот и светски првак Реал Мадрид сериозно бара напаѓач за зимскиот преоден рок и еден куп имиња се извртеа по медиумите како потензијални засилувања, ама според угледната „Марка“ прв пик на „кралевите“ е рспската голгетерска сензација Лука Јовиќ. Јовиќ е фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт, кој сезонава игра во неверојатна форма и има 17 гола на 23 меча во сите натпреварувања, па оттаму и сериозниот интерес од Реал Мадрид. За Јовиќ е заинтересиран и Баерн Минхен, чиј тренер Нико Ковач го сака во тандем заедно со соиграчот од Ајнтрахт, Анте Ребиќ.

„Марка“ потенцира дека Јовиќ е најдоброто решение, кое пате и е најдостапно, зашто речиси невозможно е „кралевите“ да го донесат Мауро Икарди од Интер, како и двете големи желби Нејмар од ПСЖ и Еден Азар од Челси.

Инаку, мадриѓаните на листата на желби ги имаат и Тимо Вернер од Лајпциг и Криштоф Пјатек од Џенова, но според угледниот спортски весник засега Јовиќ е прва цел. Ајнтрахт нема да да го пушти Србинот за помалку од 50 милиони евра.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here