Според медиумите на Пиринеите, шпанската полиција уапсила дури 83 лица поради основан сомнеж дека учествувале во местење натпревари на Фјучрс и Челинџер турнирите.

Од тие 83 лица, дури 28 се тенисери, воглавно оние кои во текот на кариерата се натпреварувале само на споменатите турнири. Шпанските медиуми пренесуваат дека меѓу уапсените е и еден тенисер кој лани играл на УС Опен. Инаку, постојат сомнежи дека се наместени вкупно 97 меча.

Организаторот на сето тоа наводно е криминална група од Ерменија која им давала мито на тенисерите со цел да влијае на резултатите од мечевите. На тој начин тие стекнувале финансиска добивка, а за да бидат сигурни дека се ќе биде во ред, некои членови на оваа група и присуствувале на наместените мечеви.

Инаку, за време на акцијата шпанската полиција запленила 167.000 евра, повеќе од 50 електронски уреди, кредитни картички, пет луксузни автомобили и пушка сачмарка. Исто така, блокирани се 42 банкарски сметки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here