Чудно , запрепастувачки и незнаеме уште како да го наречеме скандалот од страна на МАРНЕТ (Македонска Академска Истражувачка Мрежа) која е одговорна за регулирање на домените во државата како и нивната сопственост. Дали ако ние посакаме утре да се викаме наместо ПресЦентар би ни дозволиле да се викаме Влада на Република Македонија, бидејќи Македонската влада има портал: www.vlada.mk  и секако е слободен за да се регистрира и со самото тоа што ќе го регистрираме ќе пишуваме се сешто ПРОТИВ влададата на Република Македонија како што е случајот со порталот www.zdravstvo.mk, за кои сите сме мислеле дека порталот е на министерството а не на приватно – ФИЗИЧКО ЛИЦЕ, кое деновиве тргнувајќи од Скандалите со вакцини до каде прославувале коледе и бадник министерот и некои од директорите на клиниките беа правени „парче“ на овој медиум Здравство.Мк, а ние како јавност и медиум мислиме дека токму овој портал е на истоименото министерство. Оттука го замолуваме министерот за здравство Венко Филипче а воедно и ние како ПресЦентар бараме одговор од МАРНЕТ како тоа дозволиле на физичко лице  и извесна фирма „Друштво за трговија и услуги ЕМ МЕДИА ДОО Скопје“ да раководи до домеин www.zdravstvo.mk ?!

Најинтересен ФАКТ е дека ова фирма „ЕМ МЕДИА ДОО“ е сопственик и на порталот Курир.Мк, па оттука станува јасно, зошто на овој портал се шират вести од карактер каков не би сакале даа прочитате на здравствен портал.

За крај пак ќе повториме и ќе го повикаме министерот за Здравство Венко Филипче и МАРНЕТ да се произнесат дали е НОРМАЛНО  да „човек фирма“ раководи со портал со државен симбол во случајот www.zdravstvo.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде