Вчера околу пладне било пријавено дека на локалниот пат с. Морани – с. Орешани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фиат пунто“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.К. (26) од од с. Зелениково-скопско и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици, управувано од В.T. (48) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.К., а со телесни повреди се здобила В.Т. и сопатничката од возилото “Фиат пунто“ А.С. (35) од Скопје, констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Информираат од МВР.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here