Актуелниот светски шампион Франција славеше убедлива победа против Србија со  32-21 во второто коло од групата А на СП 2019 во Германија и Данска. Србите пружија силен отпор во првото полувреме, но немаа сила за сензација против силните Французи кои беа доминантни во вториот дел и ја прославија втората победа на Мундијалот.

Србите по првиот натпревар со Русија останаа без десниот бек, Немања Зеленовиќ, но и покрај овој хендикеп, Србите влегоа решително во пресметката со светските шампиони и во првото полувреме  успеваа достојно да  се спротивстават и да држат чекор со фаворито, а до 9-8 и минимална предност.

Со серија од 5-0, Франција успеа да се одлепи на 13-9, но Србите не се предаваа и со прекрасен погодок на Иван Мошиќ од слободен удар во финишот на првиот дел, успеаја да го намалат водството на Франција на 15-12.

Французите го засилија темпото на почетокот од второто полувреме кога успеаја да направат серија од 7-1 и да се одлепат на +9 (22-13). Но, и покрај убедливото водство на Франција, Србите со сите сили се бореа да останат во игра.

Сепак, силата и квалитетот на Франција дојдоа дополн израз во последната четвртина кога актуелните шампиони го засилија ритамот и за неколку минути стигнаа до највисоки +11 (28-17), ставајќи им крај на надежите на Србија која во финишот загуби здив.

Недим Ремили и Лудовик Фабрегас  постигнаа по пет, а Кентин Мае запиша четири гола  во победата на Франција. Во репрезентацијата на Србија, анјефикасен беше Богдан Радивојевиќ со шест гола.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде