Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов не успеа да се воздржи, емоциите беа посилни од него, при што се обрати на Фејсбук по промената на името.

Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават!!! Срам да ни е на сите…. За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА!!!

Стоилов беше играч на натпреварот во денешната победа на Македонија над Јапонија од 38:29 во првото коло од Светското првенство кое се игра во Данска и Германија.

Изјавата на Стоилов е парафраза на навредата што му ја упати пратеник кој гласаше „ЗА“ уставните измени, поранешен советник на премиерот, Рубин Земон, како коментар на изборот на Стоилов да ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“ поради тоа што еден од добитниците на наградите се обрати на албански  јазик.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here