На почеток на Новата година љубителите на убавата македонска народна музика ќе бидат почестени со новиот видео запис за песната “Мома седи на чардакот” во изведба на милозвучниот глас на Елена Андоновска.

Песната е дел од албумот “Кој што ме чуе да пеам”, а исто како прекрасната “Босо моме” видеото го работеше АРТ Студио продукција.

Својата изведба Елена ја презентира во придружба на групата Седенка и други гости музичари дел од овој проект,а како локација е избран пријатниот амбиент на гостилницата Лира.

Во последно време сме сведоци дека македонската популација е желна да ја слуша македонската народна песна,но веднаш знае да го препознае и квалитетот.Стилот на музика кој што го негува убавата Елена Андоновска и начинот на кој што го презентира се доволен доказ дека нашата изворна песна постојано живее и од ден на ден станува се послушана од страна на сите генерации….

ПОГЛЕДНЕТЕ:

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here