Скандал и криминал ќе ја зачинат новогодишната бајка која Општина Штип ја организира втора година по ред. Новопоставената лизгалница на плоштадот, уште пред да ја отвори, криминалното раководство на СДСМ, ја обви со матни зделки, изјави денес Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

Тој вели дека лизгалницата била поставена на 20.12.2018 година, за кое може да посведочи секој граѓанин на Штип, меѓутоа тендерската понуда била отворена наредниот ден,  на 21.12.2018 година во 09:00 часот.

-Затоа прашуваме како е можно, компанија која уште не е избрана на тендер, да врши работи за Општина Штип? Како е можно компанијата да знае дека е одбрана уште пред да и биде одобрена понудата? Како е можно да се вршат услуги без да е потпишан договор и без да е добиен налог за работа? Како е можно проценетата вредност на тендерот да е идентична со понудената сума од компанијата?, прашува Јорданов кој ги повика јавното обвинителство и МВР да го истражат случајот.

Јорданов цели дека иституциите треба да ги споредат  датумите на потпишувањето на договорот и поставувањето на лизгалницата на плоштадот!

-Да проверат кога е издаден налог за работа, кој го издал и дали тоа е истиот ден кога е поставена лизгалницата! И за крај, да проверат дали ова е зделка од цели 800.000 денари, во четири очи од која некој многу добро ќе се офајди! Црнила на национално, црнила на локално ниво! Граѓаните на Штип во ек на новогодишните празници  не заслужуваат да бидат жртви на оваа криминална банда во заминување! Воедно, го повикуваме надлежните институции да преземат итни и неодложни истражни мерки за тоа како се потрошени 800.000 денари, за услуги од времетраење од само 15 дена, да се утврди виновник, а градоначалникот да преземе одговорност за направената штета, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here