Споменик на таткото на модерна турција Кемал Ататурк е поставен во паркот на пријателството во Велесмеѓу велешани попознат како Каршијака парк. Паметникот е донација од збратимената истанбулска општина Адалар, а е поставен по повод 21 декември, денот на настава на турски јазик. За турската заедница од Велес, ова е еден од најубавите денови кои ги доживеале.

„Јас сум пресреќен што го открив споменикот. Овие граѓани се задоволни.“ – вели Бесим Ахмедов – член на советот на општина Велес.

Поставувањето на споменикот на Ататурк се случува по пет години од неговото пристигнување во Велес. Но од неразбиливи причини, тој се чуваше во гаража. Велешкиот градоначалник се надева дека овој споменик ќе го зацврсти соживотот со турската заедница во Македонија, но и ќе биде туристичка атракција, посебно за туристи од Турција.

„Турската заедница е многу важен конститутивен елемент на македонската нација во целина. Мило ми е што по пет години конечно овој споменик ја виде светлината на денот и ќе го краси овојград.“ изјави Аце Коцевски – градоначалник на Велес.

Една од најзначајните личности во поновата турска историја и таткото на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк е тесно поврзан со Македонија. Неговиот татко е роден во село близу Дебар, а кон крајот на 19-тиот век, ататурк се школувал во средното воено училиште во Битола. Од турската амбасада во Скопје изразија благодарност до општина Велес за поставувањето на споменикот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде