Англиските медиуми информираа дека Мурињо постогнал договор со Манчестер Јунајтед за раскинување на соработката и дека ќе добие бонус од 15 милиони фунти.

Тоа значи дека Португалецот е слободен да си бара нов ангажман, а веќе почна да се шпекулира за неговата иднина.

Се огласи и самиот Мурињо, кој истакна дека за него не е опција враќање во Португалија во овој момент.

„Можам само да кажам дека немам никаков интерес да работам како селектор на Португалија. Во овој момент ми се допаѓа мојата ситуација, не планирам да правам ништо. Исто така Бенфика не е опција за мене во овој момент“, истакна Мурињо, а потоа одговори дали би се вратил во Реал Мадрид.

„Ако се зборува за враќање на еден тренер, тоа значи дека направил нешто позитивно. Тоа го почувствува кога се вратив во Челзи. Кога еден професионалец се враќа во клубот, или му е понудено да се врати, тоа е огромна чест“, заклучи „Специјалниот“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here