Против Јуре Зубчиќ од Задар поднесена е кривична пријава поради тоа што графитот “Ubi Srbina”, напишан на зградата на месниот одбор на задарскиот совет го преправил во “Ljubi Srbina”.

Имено, на почетокот на декември непознати извршители го напишале овој графит на зградата, а Зубчиќ пред зборот “Ubi” додал “Lj”, така што графитот гласел “Ljubi Srbina”, пренесува “Index.hr”.

“Не трпам говор на омраза и затоа вчера го преправив графитот. Многу е поубаво да се гледаат пораки за љубов, отколку за омраза”, рекол тогаш Зубчиќ.

Меѓутоа, тој денес на својот профил на Фејсбук објавил дека поради поправањето на графитот против него била поднесена кривична пријава и дека поради тоа бил во полиција на разговор.

“Поднесена е кривична пријава против мене за уништување на туѓ имот поради допишувањето на “Lj”, па денес по тој повод бев во полиција на разговор. Признав дека го преправив графитот, но не сметам дека сум уништил туѓа имот, туку напротив, го поправив”, напишал Зубчиќ.

Истовремено, тој го повикал лицето кое анонимно го пријавило да го направи тоа под целосно име и презиме и се запрашал дали ќе го направел истото и против оној што го напишал првобитниот графит.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде