На скопската улица „Ѓорги Поп Христов“, во вечерните часови избувнал пожар во првиот кат од куќата на 72-годишна жена.

Како што информираат од МВР, според првичните наоди, најверојатно причина за пожарот е заборавен вклучен шпорет во кујната. Пожарот го забележале соседите од вториот кат, Ф.M (20) и М.M (28), кои ја разбудиле и извадиле 72-годишната жена надвор.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита, околу половина час откако избувнал. Заради вдишувањето поголемо количество чад, на младите соседи им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, по што биле пуштени на домашно лекување.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here