Жаклин Муро е една од главните и умерени актери на бунтовничкото движење “Жолти елеци” во Франција, а нејзината нова партија би требало да излезе на локалните избори во 2020 година.

За магазинот Фигаро, Муро вели дека нејзината цел е на Французите да им се понуди уште една опција така што нејзиното движење ќе се разликува од традиционалните политички движења.

“Les Émergents” е израз кој тешко се преведува, а ги означува оние кои се стремат кон нешто, изненадно се појавуваат и надоаѓаат.

Жаклин (51) вели дека сè е на самиот почеток, дека статутот не е готов, но дека сè би требало набрзо да се заврши така што наредната година нова политичка формација треба да излезе на локалните избори.

Муро е хипертерапевтка и работи хонорарно. Вели дека не би сакала сама по секоја цена да биде во партиско раководство.

“Како во секоја партија ќе има гласање. Сеедно е дали ќе бидам јас или некој друг, тоа не е важно”, вели Муро.

Таа сака нови и конструктивни идеи за земјата

Неа ѝ е важно да се спроведи борба против климатските промени и луѓето да се свртат против култот на потрошувачкото друштво.

Муро стана позната кога со една видео порака ги повика Французите да посегнат по жолтиот елек и да го стават на шофершајните од нивните автомобили за да изразат револт и протест против зголемените цени на бензинот и воведувањето на еколошкиот данок.

Како претставничка на “слободните жолти елеци” кон крајот на годината добила смртни закани од “анархистите со кои се манипулира”, бидејќи е против насилство и преговори.

Кога Макрон се откажа од зголемувањето на цените и ги исполни барањата на демократите, Жаклин беше жената која ја изговори реченицата: “Мислам дека одлуката е донесена премногу доцна”.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде