Две лица беа повредени откако воз удрил во градежно возило во предградие на Истанбул, објавија турските медиуми.

Несреќата се случила во близина на меѓународниот аеродром, објави АП.

Засега не е позната здравствената состојба на повредените лица, тие веднаш по несреќата биле пренесени в болница.

Оттаму информираат дека причините за несреќата се исто така не познати, и треба да се утврдуваат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде