Голманот на Вардар, Филип Гачевски кој сезонава брани одлично, повторно не се најде во списокот на селекторот Игор Ангеловски за предстојните дуел против Словенија и Полска.

Гачевски е познат по тоа што често го „пецк“ Мрме, па така беше и овојпат но сега за медиуми од Словенија. Тој за порталот „Екипа.си“ не бираше зборови:

„За македонската селекција голем проблем е што Ангеловски е најлошиот селектор во историјата. Тој е катастрофа. Тој мисли дека сѐ знае“.

Тој беше прашан зошто е тоа така, а Филип истакна:

„Не би сакал сега да ги кажувам деталите, можеби другпат за тоа што е причината што не сум во репрезентацијата. Факт е дека дисциплината ја прекршивме 5-6 репрезентативци, а само јас настрадав. Ангеловски постојано ме имаше ‘на пик’. Јас сум човек што сака да се шегува постојано, тој тоа не го трпеше. Едвај чекаше нешто да се случи за да ме тргне“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде