Аца Лукас конечно јавно прозборе за конфликтите кои ги има со своите естрадни колешки Јелена Карлеуша и Лепа Брена.

Тој во повеќе наврати јавно се расправаше со нив преку социјалните мрежи и како што изјавил за српските медиуми, за тоа има добра причина.

„Јас сум човек кој не се предава. Не сакам да се бранам, туку да напаѓам. Не именувам, има некои прозивања, се е како некое пријателство… Нема да биде тоа главна тема. Ќе видиме чие ќе биде последно“, кажал тој, па додал:

„Таа ситуација случајно се најде во јавноста. Знам нешто што не требаше да го знам. Го избегнувам тоа долго време и решив сега да го кажам, но таму каде треба да биде чуено. Тоа е приватно. Ги сакам и Виктор и Боба, но имав жена каква што имав. А онаа другата постојано се задева, а глуми другарка. Морав да ѝ објаснам како стојат работите.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде