Познатите личности веројатно имаат можност да го пропатуваат целиот свет. Но… На некои од нив им е забранет пристап во одредени земји. Иако на некои од нив забраната им е укината за други забраната сè уште важи.

Џастин Бибер

На пејачот му е забранет влез во Аргентина. Во 2016-та година тој им соопштил на своите фанови дека нема да може повторно да појде во таа земја, но вистинската причина не ја кажал. Меѓутоа тој во 2013-та година имал конфликт со властите затоа што кон државното знаме се однесувал без почит и го шутирал на сцена.

Мајли Сајрус

Пејачката во 2009-та година објавила фотографија на која со прстите ги држи своите очи за да изгледа како Кинезинка. Поради тоа забранет ѝ е влезот во таа држава.

Лејди Гага

Лејди Гага не е добредојдена во Индонезија затоа што нејзиното однесување е оценето како непристојно.

Селена Гомез

Не само што ѝ е забранет влез во една држава туку во две: Кина и Русија. Властите на Кина не биле фасцинирани од нејзината фотографија со Далај Лама, а во Русија ѝ забраниле пристап поради тоа што ги бранела правата на геј популацијата.

Парис Хилтон

Во 2010-та година Хилтон сакала да ја посети Јапонија за да го промовира својот нов парфем и модната линија. Кога пристигнала на аеродром во Токио со приватен авион ѝ бил одбиен влезот во земјата. Шест часа се обидувала да го убеди обезбедувањето да ја пушти пред да се врати во Лос Анџелес.

Акон

Пејачот ги разбеснил многумина во Шри Ланка со спотот во кој ужива покрај базен додека во позадината се гледа статуата на Буда. Пејачот во своја одбрана изјавил дека не ни забележал дека статуата се наоѓа на спотот.

Бијонсе

Исклучително успешна пејачка, но властите во Малезија не одобруваат нејзин концерт. Одлучила да ги откаже концертите затоа што се одржувале протести поради нејзиниот стајлинг кој е оценет како премногу провокативен и спротивен од религиските сфаќања на оваа земја.

Кејти Пери

Во 2017-та година на Кејти Пери забранет ѝ е влезот во Кина. Таа поднела барање за виза во оваа земја, но била одбиена и добила забрана. Причината за тоа е тоа што облекла жолт фустан со сончогледи, што било контроверзно затоа што сончогледот кој го користеле протестантите против Кина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде