Две Австралијанки со британско потекло и еден австралијански државјанин се уапсени во Иран. Една од жените била уапсена со своето момче пред десет недели според непознати обвиненија, а на другата и е изречена затворска казна во траење од 10 години.

Австралиското Министерство за надворешни работи потврди дека им пружило помош на уапсените државјани. Не е познати дали овие два случаи се поврзани.

Иран во изминативе неколку дена уапсил неколку лица со двојно државјанство, вклучувајќи и Британка со иранско потекло, која е во затвор во Техеран од 2016 година според обвиненијата за шпионажа, кои таа ги негира.

Се верува дека овие две жени се првите уапсени кои имаат британски пасош, а не се со иранско потекло.

Една од уапсените жени е блогер која патувала по Азија со момчето кој е Австралијанец.

Втората е академик и предава на универзитет во Австралија, со тоа што не се познати обвиненијата против нив, но казната од десет години затвор обично е предвидена за шпионажа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде