Македонскиот премиер Зоран Заев и премерот на Бугарија, Бојко Борисов, за поголемиот дел на граѓаните на Бугарија биле симбол на добрососедство и пријателство помеѓу двете земји. Фотографија на која двајцата позираат заедно со сопственикот на популарниот хотел ,,Монте Кристо” во Благоевград, стои закачена на централно место во рецепцијата на хотелот, а вработените велат дека се горди на двајцата премиери.

-Фотографијата е направена за време на одбележувањето на 115-годишнината од Илинденското востание во Благоевград. Нашиот хотел се наоѓа на околу 30 метри од споменикот на Гоце Делчев, каде што тие положија венци и цвеќе. Потоа свратија во хотелот, а сопственикот изрази желба да се фотографира со нив и да им честита за примерот кој што го даваат со своето пријателство и соработка. Фотографијата веднаш ја врамивме, гордо стои овде, за сите гости да ја видат. И да, се гордееме со двајцата премиери раскажаа вработени во хотелот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде