Водителката на МСНБЦ вести, Кортни Кјуб, покажала дека е мајстор во вршење на неколку работи во исто време. Имено во средата наутро нејзиниот син се појавил во студиото каде се емитуваат вести во живо.

Кјуб известувала за националната безбедност и Пентагон, зборувала за воздушните напади на Турција над Сирија, кога оддеднаш во студиото се појавило малечко момче. „Извинете моето дете е тука“, рекла таа со намевка.
Иако за кратко се чинело дека ја губи контролата,таа успеала да се снајде и да ги заврши вестите до крај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде