Новата снимка на која се гледаат група светлечки објекти на островот Аутер Бенек во Северна Каролина, објавена е на Јутјуб и со брзина на светлината се проширила на социјалните мрежи.

Снимката ја објавил корисникот Вилијам Гај, а на неа се гледа како над мирниот океан и на претходно чистото небо одеднаш се појавуваат 14 впечатливи светла.

Еден од коментарите укажува дека во близина има воена база, пренесуваат од “Foks News“.

„Речиси сум сигурен што претставуваат тие светла“ – рекол Дерик Чено кој се претставил како поранешен маринец кој бил базиран во Чери Поинт.

„Редовно ги поправавме сигналите на светлоста од авионот поради воениот тренинг во тоа подрачје. Секоја од нив има сила како милион свеќи, што е многу сјајно и може да се види од далечина како лебди додека полека паѓаат надолу како да висат од падобрани“.

Воената база за која што тој зборува оддалечена е на околу 200 километри од Аутер Бенкс. Меѓутоа, портпаролот на воената база потврдил дека леталата од таа база не биле на тоа подрачје на денот кога ова видео настанало.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде