Репрезентацијата на Аргентина направи огромно изненадување и ја исфрлија Србија во четвртфиналето на Мундобаскетот. Аргентинците беа подобри од Србите со 97:87.

Аргентина одлично го почна овој натпревар и оствари предност од 12:4. Србија резултатски се врати во последните минути кога изедначи на 16:16. Тогаш се мислеше дека нашите соседи брзо ќе се вратат и ќе го водат главниот збор, но така не мислеа Аргентинците.

Популарните „Гаучоси“ имаа предност од 25:23 после првата четвртина, а разликата отиде на плус осум во вториот перидо. Србија кон крајот на првото полувреме ја намали разликата на минус 5.

Аргентинците добро го отворија вториот дел. Констатно беа во водство во третиот период, но Србија се врати во последните секунди и дојде на само поен заостанување.

На почетокот на четвртата четвртина Србија конечно дојде до водство од 70:68. Аргентина во тие неколку минути изгледаше немоќно и веројатно поголемиот дел од оние коги го следеа натпреварот очекува тука Србите да го решат натпреварот. Сепак, тоа не се случи.

Аргентинците брзо се вратија го превземаа водството и тоа растеше од минута во минута. На крајот славеа со десет разлика и го направија најголемото изненадување досега на турнирот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде