Сопственикот на затворената телевизија, Велија Рамковски, во интервју за порталот Фактор најавува нова А1. Тој вели дека лично нема пари за тоа, но од сериозни луѓе добил сигнали дека би инвестирале во таков проект.

– Јас не велам дека е сигурно дека А1 ќе се отвори, туку велам дека е можно да се договориме да се изведе телевизијата. Инаку, не се согласувам дека телевизијата е играчка, таа е сериозна работа. Ако некој знае за телевизија, јас знам. Можам да се вложам себеси со своето знаење за да ја изградам А1, но не таква, бидејќи никогаш не може да биде таква, но во секој случај најсилна телевизија, со можностите плус што сега ги даваат социјалните мрежи. Сега има поголеми можности А1 да биде подобра од што беше – вели Рамковски.

Тој додава дека засега директни инвеститори нема, туку има само посредна најава од луѓе што ги смета за сериозни.

– Не би го кажал јас тоа ако не сметам дека се сериозни и заинтересирани. Се обратиле кај луѓето што тоа ми го кажаа, и прашале дали јас сум подготвен да се вложам да работам за да ја кренам А1. Јас реков – да. Значи на посреден начин се обратија кај мене инвеститорите. Инаку, А1 беше профитабилна телевизија, последната година направи годишен промет од 10 милиони евра – вели Рамковски во интервјуто за Фактор.

2 КОМЕНТАРИ

  1. ДОАЃА ЛИ УШТЕ ЕДЕН АНТИ ДРЖАВНИК??? ТЕ ВИДОВНЕ СО ТВОЈАТА АНТИМАКЕДОНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА ШТО СВЕ НАПРАВИ ЈА ОСАКАТИ МАКЕДОНИЈА МЕДИУМСКИ ДО КОРЕН СЕГА ПАК САКАШ СО ЗАЕВ ДА ЈА ДОКРАЈЧИТЕ МММ?? ЗНАЈ ЕДНО ДОАЃААТ ВИСТИНСКИТЕ МАКЕДОНЦИ И СВЕ ЌЕ БИДЕ ЗАЛУДНО ОД ИДЕЈАТА ЗА УРИВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА , ПРОЧИТАН СИ И АЛЧЕН СИ ЗА СЛАВА АЛИ ЏАБЕ НЕМАШ ПАМЕТ ТОЛКУ КОЛКУ ШТО МИСЛИШ БУКВАРОТ ТИ ЗАСТАРЕ И ПИСМОТО НЕ ТИЕ МАКЕДОНСКО!!!!!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде